Во конкуренција за наградата “Татко на годината“, се најдоа Елтон Џон и неговиот партнер Дејвид Фурниш, за кои ова е големо признание и Британија со ова би покажала поголема подршка за браковите од ист пол.
За Божиќ минатата година сурогат мајка го роди малиот Закириј. Неговите родители Елтон Џон и Дејвид Фурниш веќе се најдоа во конкуренција за британската награда “Татко на годината“.
Тие се прв геј пар кој се најде на оваа листа, а доколку ја добијат наградата, Британија ќе ја покаже отвореност и подршка на браквите од ист пол.
Елтон е во врска со Дејвид 17 години, од кои 5 се во брак, а долго време најавуваа дека сакаат да станат родители и тоа им се оствари на 25 декември 2010 година.