Последните 11 години од животот на мојот дедо, велат и многу подолго, но јас на тоа се сеќавам, Јованка не присуствуваше ни на еден семеен собир. Дедо никогаш не ја спомна – тврди внуката на Тито и додава дека Броз не сакал да го погребаат во Белград, бидејќи бил хрват.
“Ја видов само еднаш на погребот на дедо ми, каде беше присутна исклучиво бидејќи тоа го бараа татко ми и стрико ми. Како завршила приказната помеѓу дедо ми и неа не ме интересира. Не треба и на сите вас да ве интересира. Тоа е нивна работа. Како одговор на упорните медиуми еве ја мојата изјава во врска со ова: Двајца луѓе еднаш имале нешто и тоа нешто престанало! Крај на приказната!“ – напишала Саша Броз на Фејсбук.