За време на снимањето на најновото продолжение на блокбастерот Transformers во Хонг Конг бил нападнат режисерот Мајкл Беј. Двајца браќа на возраст од 27 и 28 години му пишле на Беј за време на снимањето и му побарале 100.000 HKD или околу 9.000 EU, како што изјавила полицијата.
Постариот од браќата, како што известуваат медиумите успеал да стигне некако до Беј и го нападнал со тупаници, а исто така нападнал тројца полицајци кои пробале да интервенираат. Режисерот имал помали повреди во пределот на лицето кои не биле сериозни. Помалиот брат бил уапсен за уцена, а пак постариот бил уапсен за напад.
Филмот Transformers : Age of Extinction, во главната улога Марк Волберг ќе е појави во кината некаде во јуни во 2014 година.