Нацистичкото минато на “Доктор Еткер“

popara22 октомври, 201317min00
16

Германската фирма “Др. Еткер“ конечно се соочи со темната страна на своето минато – онаа од периодот на нацизмот. Се испостави дека Еткерови биле блиски на режимот на Адолф Хитлер, многу повеќе одошто било потребно.

Прочуениот бренд “Др. Еткер“ е една од најпознатите и најбогатите семејни фирми во Германија. И покрај тоа и една од последните кои проговорија за своето нацистичко минато. Речиси 70 години после Втората светска војна, конечно е завршена студијата за улогата на семејството Еткер во националистичкиот режим, а Август Еткер во своето интервју вели: “Мојот татко беше националист. И токму тој татко, од 2007 година, покојниот Рудолф Август Еткер, не сакаше да зборува за своето минато, а камоли да се соочи со тоа“

Темните дамки во историјата на семејството Еткер излегуваат од секаде: Ричард Каселовски, очувот на Рудолф Еткер, бил шеф на фирмата но и дел од националсоцијалистичките кругови. Набрзо откако Хитлер ја превземал власта, Каселовски станува член на партијата и близок соработник на шефот на озогласените СС единици, Хајнрих Химлер. Самиот Еткер во 1941 доброволно се пријавил во СС единиците.

Денес постои притисок од страна на јавноста, се отвораат документите на тајните служби, па затоа станува непријатно за поединечни фирми да не го сторат истото. Исто така голем дел од нив се плашат дека некое независно истражување ќе ја обелодени валката тајна од минатото, пред фирмата сама да го стори тоа.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma