5 животни лекции од луѓе на смртна постела! Само тие знаат што пропуштиле!

popara25 октомври, 201320min00
7

За сега анонимна особа која долги години работела со луѓе кои ги поминуваат последните денови на постела, објавила неколку животни лекции кои ги научила од овие луѓе.

Еднаш кога ќе дојдеме таму, а сите не чека тоа некогаш, ќе се навратиме на настаните од нашиот животен век, добрите и лошите, она што сме направиле и она што сме сакале да направиме. Марк Твен во една прилика изјавил дека за 20 години повеќе ќе ни биде жал за работите кои не сме ги направиле, отколку оние што сме ги направиле. Но што можеме да научиме од луѓето кои го “одработиле“ својот животен век? Што пропуштиле тие во животот, за што мечтаеле и за што од тоа нема повеќе назад?

Би сакал да имав доволно храброст за да го живеам животот онака како што сакав, а не онака како што се очекуваше од мене!

courage

Кога луѓето ќе сватат дека нивниот живот е при крај, лесно е да видиш кои соништа останале неостварени. Повеќето луѓе не оствариле ни половина од своите соништа, и мора да умрат знаејќи дека е така. Здравјето носи слобода што ретко кој ја препознава, но кога здравјето не е во топ форма, тогаш сваќаме што значело.

Би сакал да не работев толку многу!

tumblr_md74hqeqvl1qfb1ni

На ова најчесто се жалат луѓето кои го пропуштиле детството на своите деца и времето со партнерот. Често можело да се слушне длабоко жалење што го поминале својот живот работејќи за опстанок.

Да имав барем повеќе храброст да ги изразам своите чувства!

tumblr_mthmclltcb1rzoje3o1_500

Повеќето ги потиснуваат своите чувства за да останат во добри односи со останатите. Како резултат, се согласуваат на одредени работи што не ги сакаат и никогаш не стануваат она што можеле.

Требаше да посветам повеќе време на моите пријатели!

tumblr_inline_mgfp1kjez31rbf627

Кога се наоѓате на смртна постела сваќате дека сте пропуштиле златно пријателство. Често луѓето се жалеле како не посветиле доволно време и труд на пријателите кои заслужиле. На сите им недостасуваат пријателите кога умираат.

Требаше да бидам посреќен!

tumblr_inline_mu57f1sgtw1rg0g8s

Многумина до крајот на животот не сваќаат дека среќата е избор. Соочени со смртта, сите тие копнееле по оние моменти исполнети со смеа и лудории во својот живот. И кога си на смртна постела, тогаш воопшто не ти е важно што другите ќе мислат за тебе.

Животот е избор. Тоа е вашиот живот. Избирајте свесно, мудро и искрено. Изберете среќа!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag