Најновите податоци покажуваат дека владата на Барак Обама собирала лични податоци за најмоќните луѓе на денешницава.
Најновите податоци обелоденети од британскиот Гардијан базирани на документите обелоденети од Едвард Сноуден покажале дека владата на САД шпиунирала 35 високи светски претставници. Овој податок се појави веднаш откако е објавено дека Америка, покрај Франција, Бразил и Мексико ја прислушкувала и германската канцеларка Ангела Меркел што според германските медиуми – би можело значајно да ја загрози позицијата на САД и нејзиниот лидер Барак Обама во светот.