Повеќе илјади жители на САД протестирале во центарот на Вашингтон против мерките за надзор спроведени од Националната безбедносна агенција НСА, а подоцна организаторите планираат да предадат во Конгресот петиција со која ќе се бара прекинување на досегашната пракса.
Американската администрација последниве денови наиде не само на удари од домашната јавност, туку и своите најблиски сојузници – Германија и Франција, откако медиумите од овие земји објавија податоци дека НСА ја прислушкувала комуникацијата на 35 светски лидери меѓу кои и германската канцеларка Ангела Меркел.