Ова е предлог за кој е потребно буквално само една минута од вашето време и речиси никаков трошок, а резултатот е апсолутна свежина во домот. Секако, се работи за освежувач на просторот за кој ќе ви бидат потребни следниве состојки:
Тегла со алуминиумско капаче
Сода бикарбона
Есенцијално масло по избор
Подготовка:
На капачето од теглата направете неколку дупки, а потоа во теглата додадете неколку лажици сода бикарбона. После тоа додадете 8 капки есенцијално етерично масло по желба, ( да кажеме лаванда, пачули, портокал, рузмарин…) Сода бикарбоната отстранува непријатни мириси, а маслото дава свеж мирис. Таква мала тегличка може да се постави било каде во вашиот дом, во тоалетот, во гардеробер, во автомобил…