
И мажите и жените речиси подеднакво “зјапаат“ во другите луѓе, а не се разликуваат многу и по тоа што го гледаат. Првото што го забележуваат кај другите жени се градите и колковите.
Што на другите жени гледаат мажите, а што жените?
Ни малку не не изненадува фактот што мажите многу малку време посветуваат гледајќи ја жената во очи, а дека многу подолго го задржуваат погледот врз нејзините гради и колкови. Веројатно претпоставувате дека колку тие делови од женското тело се поголеми, толку подолго машкиот поглед трае. Но изненадува фактот што и жените исто така прво ги погледнуваат овие исти делови од телото, дури и пред да го погледнат лицето.
И додека мажите ги гледаат другите жени како потенцијани партнерки за раѓање деца, жените другите жени ги гледаат со цел да проценат колку голема конкуренција претставуваат за нив.