Денешната статија е посветена на оргиналниот и уникатен стил,кој треба секој од нас да го поседува, за да се разликува од останатите и тоа да биде еден вид знак за препознавање. Денес модата е максимално злоупотребена од слепото следење трендови и уште полошо лошите имитации на трендовските парчиња. Како пример ќе го издвоиме актуелниот тренд со пруги – зарем мора веднаш да купуваме такви парчиња облека и лошо да ги комбинираме без претходно да видиме колку лошо и евтино изгледа сето тоа? Ако во мода е розова боја зарем треба од глава до пети да се облечеме во розово?
Наш совет е да бегате од кичот, да бегате од лошите копии и да бегате од слепото следење трендови бидејќи стилот на облекување е стил на живеење, а не моментален тренд.
Следете ги почесто модните ревии на големите дизајнери и листајте ги страниците на култните модни списанија за да научите како се разликува високата мода и модата на балканските фолк ѕвезди. Кога ќе ја согледате разликата помеѓу мода и кич, тогаш ќе почне да созреза вашиот стил.
А сега нешто од светската модна сцена која мора да признаете драстично се разликува од модата што ја пласираат повеќето девојки по нашите улици: