
Милиардерите се во постојана трка за што поголема и поубава вила. Каза де Шенандо дефинитивно е најлуксузниот имот во Лас Вегас и пошироко.
Богаташите не се задоволуваат со било каков дом, мошне се пребирливи, па така и нивните имоти поседуваат зоолошки градини, музеи, колекции автомобили, базени, тениски терени, а најновиот хит е аеродром наместо паркинг.
Ранчот со површина од 40 хектари што некогаш припаѓал на Вејн Њутон, пејач и забавувач, поседува се од наведеното, а неговата цена на пазарот на недвижнини паднала за неверојатни 20 милиони.
Имотот е сместен во близина на Лас Вегас, а првобитно е проценет на 70 милиони долари.
Дури и оние со најпрефинет вкус ќе се задоволат со авионот Ф28 кој исто така влегува во цената и претставува вистински деликатес.
Вилата е изградена 1952 година, но стариот сопственик за реновирање вложил 20 милиони долари.
Погледнете за што станува збор:




httpv://www.youtube.com/watch?v=d_Vc-VgxF2U