
Лејди Гага сосема го оправда својот надимак “Мајка чудовиште“ кога за време на доделувањето на You Tube Music наградите се појави со бизарни навлаки на забите и уште поужасен костим.
Иако изгледала како излезена од хорор филм, таа сосема нормално прошетала по црвениот тепих, додека сите наоколу биле вџашени од нејзиниот ужасен стајлинг.
Гага во овој костим се сликала за омотот на уште еден нов сингл Dope, кој го промовирала на оваа престижна манифестација. Паралелно со морбидната промо фотографија доаѓа и предупредување: “Само со надзор од родители“, што е сосема разбирливо.

httpv://www.youtube.com/watch?v=UdQwCxNoN9Q