Прочистете го и освежете го организмот со овој лек: Природен еликсир за црниот дроб

popara5 ноември, 201318min00
6

Состојки:

6 лимони,

3 грејпфрути,

Корен од ѓумбир со големина од 9 – 10 см или 5 супени лажици ѓумбир во прав,

4 чешњина лук,

Неколку листови свежо нане, а може и јак чај од 2 дл со 3 ќесички,

Пола литар преварена вода,

3 супени лажици ленено масло,

1 кафена лажичка ким во прав.

Подготовка:

Исцедете го сокот од лимоните и грејпфрутот во еден сад. Во блендер ставете ги ѓумбирот, лукот, и чајот од нане и добро измешајте. Процедете ја оваа смеса и сокот од ѓумбир и лук додадете го во сокот од лимони и грејпфрут, додадете ја водата, кимот и маслото од лен. Се заедно добро измешајте додека добро не се изедначи. Се пие сокот во текот на еден ден, на неколку пати и на гладно.

Сокот се препорачува за сите, а особено за оние кои конзумираат алкохол, брза храна, цигари, таблети и сл. Луѓето со болест на црниот дроб треба редовно да го конзумираат сокот, 2 – 3 пати седмично, се додека резултатите не покажат подобрување на црниот дроб.

sok_za_jetru