
Ова е дефинитивно најскапото возило во светот, направено од влакна од карбон фибер и премачкано со слој на чисто злато. Репликата на Lamborghini Aventador LP 700-4, дизајнирано од Германскиот инжињер Роберт Гулпен е достапно да се купи за “само” 236.000 евра.
Но, овој модел кој е изложен во Дубаи е само прототип за солиден златен модел, кој ќе оди на аукција во 2014 година и може да достигне цена од 5,4 милиони евра. Седиштата, воланот и тркалата ќе бидат направени од злато и платина, предните седишта ќе бидат украсени со скапоцени камења, а пак со предните светла ќе светат и дијаманти.
httpv://www.youtube.com/watch?v=ihUOvVyr1DQ