
Експериментот се состои во тоа да се набљудува како се развиваат две идентични растенија во две различни простории со идентична положба во однос на сонцето, еднаква количина вода и иста температура. Идентични услови, со само една разлика…
Во едната просторија поставен е рутер за безжичен интернет кој емитува ист вид зрачење како и обичниот мобилен телефон, а во другата просторија немало никаков уред. После 12 дена, семето во собата со вај-фај рутерот воопшто и не пораснало, а некои семки дури и мутирале или умреле. Билките од просторијата без рутер никнале, сосема нормално напредувале и биле сосема здрави.
Навистина е застрашувачки фактот дека зрачењето има до толку негативен ефект на живиот свет, па според тоа секој поединец треба да размислува со своја глава и да гледа како да се заштити. Во текот на ноќта телефонот оставете го во дневната соба, а компјутерот задолжително мора да биде исклучен додека спиете.
И што да се каже после се? Експериментот докажал колку зрачењето е штетно, а вие добро размислете дали и во иднина ќе заспивате со мобилниот во раце!
One comment
Симка Николовска
14 ноември, 2013 at 11:11
Навистина неверојатно и добро е да се знае!!!