
Заштрашувачката прогноза која е дел од истражување спроведено во Вашингтон вели дека како последица од глобалното затоплување во иднина ќе се истопат ледниците од половите и кои под вода ќе ја остават речиси пола планета, вклучувајќи и поголем дел од Европа.
На Земјата се наоѓаат 20 кубни километри лед, од кои 80% се сместени на Антарктикот. Вистинскиот потоп како последица од зголемувањето на температурите би требало да се случи после 5000 години кога ќе се истопи целиот мраз на Земјата. Во последниве 100 години температурата на Земјата се зголемила во просек за еден степен целзиусов што пак предизвикало пораст на нивото на океаните за 150 сантиметри.
Доколку овој тренд продолжи, под вода ќе остане голем дел од копното ширум светот. Се очекува целосно да исчезнат Холандија и Данска како и голем дел од Скандинавскиот полуостров. Водата би ја покрила цела западна Франција и северна Италија, а во југоисточна Англија водата ќе стигне до Лондон.