
Поп ѕвездата Лејди Гага пушела 15 џоинти дневно со цел да ја намали болката од повредатата на колкот, додека еден ден нејзината пријателка Марина Абрамовиќ не ја приморала да престане да конзумира марихуана.
“Пушев по 15 џоинти дневно. Без тутун. Ми стана навика кога болката во колкот стана прејака“ – изјавила Гага
Пејачката раскажува дека дрога нагло престанала да конзумира по совет на нејзината пријателка, славната Марина Абрамовиќ.
“Престанав нагло. Со седмици воопшто не запалив. Сега пушам малку, навечер, но само за забава, а не за да издржам. Во тоа е разликата. Марина беше единствениот човек што можеше да ме натера на тоа“ – објаснува Гага.
