
Европската агенција ESA соопштила дека нејзиниот сателит за истражување GOCE ќе падне на Земјата ноќта помеѓу недела и понеделник, но дека не очекуваат падот да предизвика поголема штета.
Објаснуваат дека сателитот тежок 1100 килограми спираловидно паѓа кон Земјата и дека веќе се спуштил на висина од 170 км.
Се очекува сателитот да се распадне на висина од 80 километри после што би требало да согори поголем дел од неговата маса.
ESA тврди дека 250 000 пати е поголема шансата некој да добие на лото отколку врз него да падне дел од сателитот кој кога ќе стигне на Земјата ќе има 90 килограми.
GOCE е лансиран во 2009 година со цел да го мапира гравитационото поле на Земјата, а минатиот месец останал без гориво со што е завршена неговата мисија.