Мајк Спенсер (44) одлучил да ги спакува куферите и да се врати дома после 23 години кои ги поминал шетајќи по светот. И додека многумина тврдат дека животот е една голема авантура, животот на Мајк буквално е таков.
На своето маратонско патување посетил 195 држави. Се почнало во 1990 година. Престанал да брои колку пати е уапсен, колку пати се нашол во животна опасност и преживеал тешки болести.
“Откако станав полнолетен секој ден од мојот живот е авантура. Имав 21 година кога почнав да размислувам за својата иднина и се запрашав дали некој некогаш решил да го прошета целиот свет, а ако не, тогаш јас ќе бидам тој!“, раскажува Мајк.
“Никогаш немав проблеми со пари, секогаш разумно ризикував, кампирав, одседнував во ефтини хотели, живеев со локалните жители и ги работев истите работи како и тие. Лесно е да заработиш пари во земјите од третиот свет, но треба да знаете како тоа се прави.“ – додава Мајк.
“Најинтересните места во светот се оние каде можеш и најлесно да го изгубиш животот“, изјавил Спенсер и додава дека не е човек што сака да живее опасно.
После долги години како самец, најпосле запознал и жена со која сака да се скраси во Канада. Се запознале преку Фејсбук, а Мајк додава дека сега е подготвен да води мирен живот. Барем некое време…