Медицинската сестра што го реанимирала: Во телото на Кенеди имаше мистериозен куршум?!

12 ноември, 20130
11

Филис Хол, медицинска сестра од Далас која учествувала во реанимацијата на Кенеди, кога после атентатот во 1963 година е однесен во болница, тврди дека во операционата сала забележала мистериозен куршум во телото на некогашниот американски претседател.

За време на реанимацијата Хол забележала помеѓу увото и рамениците на претседателот уште еден куршум. Иако млада, имала зад себе богато искуство со вакви рани, настанати како последица од употреба на огнено оружје, па затоа можеле да забележи дека нешто овде не е во ред.

Всушност куршумот што го видела не бил сличен со ни еден што претходно видела, а сосема сигурно е дека бил поразличен од останатите што биле извадени од телото на кенеди и приложени како доказен материјал. За разлика од нив овој мистериозен куршум едноставно исчезнал откако го извадиле и повеќе никој не го видел ни спомнал во понатамошните извештаи.

После 43 минути борба за неговиот живот, официјано била прогласена смрта на Кенеди. Сега, 50 години подоцна, госпоѓа Хол и понатаму се сомнева во регуларноста на доказите и сосема сигурно верува дека станува збор за опасна завера.

Printscreen: youtube / SixthFloorMuseum

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi