Проверете: Дали сте “лесна женска“?

popara3 јануари, 201517min00
16

Доколку се прашувате дали мажите гледаат на вас како на лесен плен или повеќе како недопирлива тврдина, дојде времето да го откриете својот статус…

Големите заводници знаат дека кај сите жени не палат истите тактики. Доколку припаѓате на една од следниве групи, бидете сигурни дека во очите на мажите вие сте лесна женска.

Често сте депресивни – Константната депресија знае до тој степен да ја смачка жената што таа повеќе не е способна логично да размислува. Штом ќе налета на некој фраер кој ќе и пружи малку внимание, се фаќа за него како давеник за сламка. Големите заводници ова го знаат па ја искористуваат моменталната состојба на дамата во невоља.

Сакате да им угодувате на другите – Доколку сте една од овие жени тоа значи дека сте лесна мета за заводникот. Вие повеќе мислите за туѓите отколку за сопствените потреби, паѓате на првата фора која ќе излета од устата на мажот, лесно се врзувате за мажот до вас и правите се што тој ќе посака, а кога ќе му здосадите и ќе почне да бега од вас, станувате черга за пред врата и му дозволувате да ве гази, само и само да ја вратите неговата љубов.

Имате бујна фантазија – Девојките со бујна фантазија приѓаат на групата: лесна мета. Нивната способност да ги замислат сите оние неверојатни нешта што мажот во почетокот ги ветува мошне лесно може да им навлече проблем доколку тие ветувања немаат реална основа, а најчесто немаат. И најчесто е вака: Со оглед на тоа дека искусните играчи знаат дека големите ветувања се еден од сигурните начини за ловење лесен плен, ќе ви ветат и она што неможат.

Сексот е вашиот адут

Доколку го користите креветот како начин за наоѓање љубов, на погрешен пат сте. Ако се впуштите во сексуална активност, а претходно не сте испиле барем по некоја пијачка низ град, секако остава впечаток на лесна женска, а токму тоа мажите со уживање го искористуваат. На тој начин не само што нема да најдете дечко, туку ќе останете изманипулирани и во 99% од случаите изиграни.

Foto-ilustracija. Foter.com / francisco_osorio