Состојки:
300 гр мелени плазма бисквити
250 гр маргарин
260 гр шеќер во прав
100 гр чоколада
250 гр мелени ореви
1 чаша сок од портокал
3 кесички шлаг
Ореви за декорација
Подготовка:
Прва кора: 250 гр мелени ореви, 125 гр стопен маргарин, 130 гр шеќер во прав и малку сок од портокал – се мати и се става во фрижидер за да се стегне.
Втора кора: 300 гр мелени плазна бисквити, 125 гр стопен маргарин, 130 гр шеќер во прав, 100 гр стопена чоколада и малку сок од портокал – се мати и се остава во фрижидер за да се стегне.
На тацна се става првата кора и се обликува по желба. Над неа втората, и врз неа две шлаг ќеси подготвени според упатството на производот.
Декорација: изматете ја третата ќесичка шлаг според упатството и во тоа додадете 3 лажици стопен шеќер мешајќи постојано. Со овој фил украсете ја тортата и на крај декорирајте со сецкани ореви. Вкусно!