Побегни ако можеш! Овие жени се кошмар за мажите!

12 ноември, 20130
18

Она што мажите го сакаат е жена со сопствено мислење. Но жената која речиси не го слуша она што другата страна има да го каже, е прва на списокот жени кои побрзо би сакале да не ги сретнат.

Мажите ја составиле својата листа која изгледа вака:

Сезнајка – она што мажите го сакаат се жените со сопствено мислење и со кои можат да разговараат на било која тема. Но жената која не слуша што има да каже другата страна и чии зборови се како отров  се први на списокот – непожелни жени.

Спонзоруша – мажите истакнуваат дека не им е проблем да потрошат некој денар за жената до нив, и дека тоа е сосема нормално. Но кога ќе се стигне до ситуација тој да мора да ги плаќа сите нејзини сметки и од него да се бараат подароци со и без повод, повторно добиваме тип на жена што за мажите претставува кошмар.

Таа е секогаш во право – таа знае апсолутно се за апслутно се. Уште еден тип за итно избегнување. Што најмногу им пречи кај таквите? Тоа што не можат да бидат опуштени и такви какви навистина се, бидејќи знаат дека секое мислење различно од нејзиното скапо ќе го платат.

Психо – како што постојат мажи кои “те сакам“ ќе го кажат на пет различни телефонски броеви, така постојат и жени кои вакви љубовни изјави кажуваат по пет пати на ден, но на истиот телефонски број. Освен тоа, таа сака да знае каде сте, со кого сте, до кога ќе се задржите и сл. А се што мажите сакаат да знаат за една ваква жена е кога ќе исчезне од нивниот живот.

Rebound

За посилниот пол овој тип жени се најопасни, поради начинот на заведување. Сметаат дека ваквата жена најтешко се открива, а веќе во следниот момент таа има способност да ве натера да мислите дека се работи за совршена врска. Но вистината е дека таа барала утеха што ќе и помогне побрзо да го заборави бившиот кој неодамна и го скршил срцето, додека со него не се смири или си најде нов. Од таквите, предупредуваат, што побрзо да се побегне, пред да стане предоцна.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi