Фејсбук страната “Фатени на дело“ 24 часа после создавањето има над 100 000 фанови. А причината за популарноста на оваа фан страна е бидејќи прикажува фотографии од луѓе фатени на дело, односно за време на секс на јавно место.
Страницата изобилува со вакви фотографии, парови уловени на лице место како имаат секс на отворено во моментите кога не ни сонувале дека некој ќе ги види. Меѓутоа будното око наГугл возилата ги следи и на најнеобичните локации.
И додека овие фотографии се мошне забавни за фановите на оваа страна, невозможно е да не помислите како се чувствуваат главните актери од овие фотографии. Можеби токму сега некој од нив се разведува…некој јаде ќотек…
Затоа ви препорачуваме да избегнувате секс на јавно место за да не осамне некоја ваша фотка во незгодна поза, некој ден, на оваа фан страна…