Мафијата планира да го убие актуелниот поглавар на Римокатоличката црква, папата Фрањо, предупредуваат од италијанското обвинителство, додавајќи дека причината е активната борба на папата против криминалот.
Според зборовите на калабрискиот обвинител Николе Гратериа папата предизвикал револт помеѓу редовите на организираните криминални групи но и поединци кои во Ватикан се осомничени за незаконско делување.
“Штом стапи на должност папата го отстрани Готиј Тедешија од челната позиција на Ватиканската банка, а потоа го примора и кардиналот Бертонеа да се повлече во пензија поради сомнеж дека бил вмешан во корупција и со тоа папта се ставил во мошне опасна ситуација што може да го чини живот“ – изјавил Гратери, додавајќи дека папата има такво обезбедување, што на мафијашите ќе им биде многу тешко да ја постигнат својата цел.