
Што ќе каже мама? Анастасија Ражнатовиќ, ќерката на Цеца Ражнатовиќ на својот Фејсбук профил објаснила какви момци не сака, и како што вели, за неа е најважно дечкото да биде емотивен и да не се плаши своите чувства кон неа да ги покаже пред целиот свет.
“Апсолутно мразам кога дечкото е љубезен и сладок со тебе преку пораки, а кога треба тоа да го покаже пред сите, глупаво му е и под ниво. Секоја чест на оние кои на своите девојки пред сите им ги изразуваат своите емоции и ги боли уво за тоа што другите ќе кажат. Респект!“ – напишала Анастасија.
