
Државна лотарија на Македонија со цел да биде секогаш поблиску до своите играчи, од овој петок започнува со реализација на една убава идеја која планираме да прерасне во традиција. Секој петок, почнуваќи од денешениов, нашиот тим ќе биде во посета на некое од продажните места ширум нашата продажна мрежа низ Македонија. Оваа убава идеја ја започнуваме со продажното место Вагабонт во Битола. Токму на ова место е изгебана 17тион Инстант лоз од Среќни тркала кој како премија донесе автомобил Поло.
Ова е 17ти од вкупно 20 автомобили Поло, премии во Инстант лотаријата Среќни тркала, што значи во игра се уште 3, како и бројни парични помали и поголеми добивки . За потсетување, досега се возат 4 Поло автомобили низ улиците во Скопје, по две во Гевгелија и Ресен, а едно во Гостивар, Куманово, Прилеп, Кавадарци, Македонски брод, Битола, Кавадарци, Тетово , Охрид, а последново ќе се вози низ улиците во Битола.
Тајната на инстант лозот Среќни тркала е во полето за гребење да откриете четири симболи на тркала. Согласно интересот на играчите за возилата од брендот Волксваген, втората серија на Среќни тркала ја реализираме со Порше Македонија, кои се дел од успехот на овој инстант лоз.