Во септември оваа година ќе биде 50 годишнината од премиерата на филмот “Појадокот кај Тифани“. Иако овој филм по уметничките квалитети далеку од некои класици како “Кум“ или “Таксист“, факт е дека тој многу влијаеше на популарната култура. Стилот кој го промовираше Одри Хепберн во овој филм повеќе кореспондира со стилот денеска, отколку со стилот на многу девојки кои се снимија подоцна од Тифани, пред се оние од осумдесетите (“Flashdance”, “Pretty Woman”).