
Актерката Британи Марфи која почина во 2009 година, можеби била убиена, тврдат новите резултати од експертизата.
Како официјални причини за смртта на Марфи беа објавени пнеумонија и анемија. Пет месеци покасно почина и нејзиниот сопруг, сценаристот Сајмон Монџак, чии симптоми беа истите како нејзините. Таткото на актерката тогаш изјави дека не верува во случајноста и порача нова, независна експертиза.
Новите резултати покажуваат дека е возможно двајцата да биле отруени. Анализата покажала присуство на тешки метали чие ниво било неколку пати повисоко од дозволеното. Тксините се истите оние кои ги има во отров за глувци и инсекти.
Таблоидите тогаш тврдеа дека актерката починала од дрога и анорексија. “Таа не беше ни наркоманка, ни анорексична, нема да го најдам својот мир додека не ја откријам вистинската причина за нејзината смрт!“, изјавил нејзиниот татко.
