Како да го решите проблемот со смрдливи стапала?

popara20 ноември, 201317min00
17

Прблемот со потење и непријатен мирис на стапалата најчесто се јавува во зима, кога ногата е осудена на затворени чевли некогаш и по десет часа дневно. За да го решите овој непријатен проблем, послужете се со следниве трикови:

Стапалата мора да дишат

Најчеста причина за смрдливи нозе е влагата. Носете уште еден пар чорапи со вас, ако овој проблем е многу изразен во вашиот случај, па облечете го новиот пар, кога за тоа ќе имате прилика.

Носете чорапи кои упиваат влага

Постојат чорапи кои специјано се дизајнирани да ја упиваат влагата. Ако немате прилика во текот на денот да го искористите нашиот прв совет, тогаш паметна идеја би била да вложите пари во купување на вакви специјани чорапи.

Мијте ги нозете во солена вода

Солената вода ја суши кожата па така може да се намали влажноста што ќе допринесе за решавање на проблемот. После туширање ставете ги нозете во солена вода, нека отстојат десетина минути, а после не ги плакнете, само избришете ги.

Направете пилинг

Пилингот исто така добро ќе ви дојде. Најдобро е да користите комбинација од ѓумбир во прав и сок од лимон. Масажата се прави три пати седмично.

Користете дезодоранс

Постојат препарати кои дирекно се нанесуваат во чевлите и најчесто се во облик на пудра. Можете да користите и сода бикарбона.

Мијте ги нозете секој ден

Нозете треба да се мијат барем еднаш дневно со антибактериски сапун.