
На Женевското авто шоу оваа година беше претставен 2014 Rolls Royce Wraith. Сите посетители биле воодушевени од неговата елеганција, динамика и луксуз. Но ова “чудовиште” со 2 врати било направено како одговор на Bentley Continental GT. Рачно изработениот Wraith тежи цели 2.5 тона. Екстериерот зрачи со добар и прекрасен дизајн и како таков е синоним за ултра модерно возило. Внатрешноста пак не изостанува од луксуз исто така опремен со најнова технологија, од 10.25 инчен HD екран обложен со кожа и дрво,, кровот е целосно направен од стакло, а најинтересен додаток на ова возило е SAT – Satellite Aided Transmission. Оваа нова технологија го лоцира возилото и му помага на шоферот додека менува брзини. Wraith има директен-вбризгувачки V12 мотор кој развива 624 коњски сили, а пак максималната брзина е 250 Kmh. Очекуваната цена на ова возила изнесува околу $420.000.
httpv://www.youtube.com/watch?v=ZYWDvBOMsqY