
Една од најпознатите старлети на овие простори, Сораја Вучелиќ неодамна во еден ноќен клуб во Македонија покажала дека има талент за пеење, а набрзо својот талент го наплатила. Таа на синот на еден македонски политичар му пеела на увце и заработила неверојатни 3000 евра.
Старлетата пеела во една наша дискотека каде истата вечер синот на македонскиот политичар славел роденден и кој ја замолил Сораја да му посвети неколку песни.
Воодушевениот славеник понесен од позитивната атмосфера ја почастил Вучелиќ со 3000 евра иако таа во почетокот не сакала да ги земе парите.
“Вистина е дека заработив добри пари. Дечкото славеше роденден и ме замоли да му отпеам неколку песни. Прекрасно си поминав. Слушнав дека е син на познат политичар, но не би сакала да откријам кој“ – изјавила Сораја.

