Кој го уби Брус Ли?

popara28 ноември, 201317min00
8

Брус Ли умре пред 40 години но и ден денес живее бидејќи е легенда која живее во срцата на милионите негови фанови.

Многу се пишувало за неговиот живот и речиси се се знае, а неговите фанови често митските херои кои ги глумел ги изедначуваат со она што тој бил во реалниот живот.

Мистеријата околу неговата смрт е поврзана со повеќе теории, но сепак, кој го уби Брус Ли?

Официјално никој.  Аутопсијата не покажала никакви физички повреди или наркотици во организмот, освен марихуана. Најзастапената хипотеза е дека го убиле кинеските тријади. Некои сметаат дека причината е неговото одбивање да им плаќа рекет, а други бидејќи одбил да игра во нивните филмови.

Трети сметаат дека тријадите го убиле бидејќи ја открил тајната на кинеските борбени вештини на Западот, а претходно повеќекратно го предупредиле да не го прави тоа.

Друга теорија пак вели дека Брус Ли не го убиле тријадите, туку монасите Шаолин поради откривање на нивните тајни во филмовите.

Во текот на 80те години станала популарна теоријата дека го убиле јапонските нинџи – организација стара со векови чии припадници биле толку вешти во тајните атентати па затоа долго време се верувало дека се невидливи.

Постои и хипотеза дека го убила италијанската мафија, бидејќи не сакал да ја продолжи кариерата во Холивуд како што тие планирале.

httpv://www.youtube.com/watch?v=PFQ7UxUdIH8

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *