Верувале или не: Лек за депресија е гладување

28 ноември, 20130
7

Високото ниво на хормонот на гладот, грелин има антидепресивен ефект тврдат американските научници. Тие објаснуваат дека празниот желудник ослободува ваков хормон во крвотокот што на мозокот му испраќа импулси на глад.

Во најновото истражување на лабораториските животни им бил намален внесот на храна во текот на 10 дена, што предизвикало драстично зголемување на нивото на хормонот на глад. Во споредба со животните кои имале неограничен достап до храна, животните кои внесувале помалку калории покажале на тестовите ниско ниво на анксиозност и депресија.

“Нашето истражување покажа дека хроничната изложеност на стрес предизвикува пораст на нивото на хормонот грелин. Однесувањето поврзано со депресија и анксиозност полека исчезнува кога нивото на хормонот расте“ – изјавил доктор Зигман.

Доктор Зигман на крај заклучил дека од гледна точка на еволувијата ова откритие има смисла со оглед на тоа дека нашите предци поради тој механизам можеле да останат мирни и спокојни за време на глад и успешно можеле да дојдат до храна.

Foto-ilustacija: FreeDigitalPhotos/marin

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit