
Долго време се сметало дека хистеријата е исклучиво женска болест која настанува како последица од незадоволена сексуална желба. Затоа лекарите измислувале најразлични начини за да го излечат овој проблем. Меѓутоа од денешен агол, тие методи се повеќе од бизарни.
Голем број лекари користеле масажа на гениталиите како лек за хистерија и се служеле со најразлични уреди со цел пациентката да доживее хистерична пароксизма или оргазам.
Освен со масажа хистеријата се лечела и со вибратор кој се појавил кон крајот на 19 век и се користел како медицински инструмент кој им помагал на хистеричните жени. Исто така се тврди дека вибраторот се покажал како поуспешна метода од класичната масажа на гениталиите од страна на лекарот. Освен со масажа и вибратор, лекарите хистеричните жени ги лечеле со млаз вода насочен кон гениталиите.



