
Под мотото СО НАЈУБАВИ ЖЕЛБИ, Државна лотарија на Македонија ја започнува празничната атмосфера која полека започнува да се шири со почетокот на последниот месец во 2013. На играчите им нудиме нова забава со најновата игра на среќа ПОДАРОК, но и бројни можности за парични добивки од 50 до 60.000 денари.
Инстант лотаријата ПОДАРОК има цел да ви ги развесели празниците, па дури и да ви го претвори во празник некој сосема обичен ден. Со лозот ПОДАРОК ви овозможуваме да ја решите дилемата за подарок за роденден, именден или било каков друг повод. Со добивките од лозот ПОДАРОК развеселете се самите или другите.
Цената на лозот ПОДАРОК е 50 денари, а во игра ве очекуваат бројни парични премии од 50 до 60.000 денари. За повеќе забава вклучени се и помали добивки, кои го прават секој трет лоз е добитен, но и ги зголемуваат шансите за повеќе забава. Трите идентични суми во лозот се вашата лозинка за добивка во оваа игра на среќа.
Инстант лотаријата е исклучително забавна игра на среќа и за мали суми нуди можности за големи добивки. Во големото семејство на инстант лотарија на Државна лотарија на Македонија се инстант лозовите: Среќни тркала, Твингоманија 2, Смајли , Детелинка, Среќни коцки, 7ма Брзина, како и Експрес лозот со симбол – кафе.
Со најубави желби, одберете го вашиот среќен ПОДАРОК!
Инстант лозот ПОДАРОК од викендов ќе може да го пронајдете во сите продажни места со знакот на детелника ширум Македонија.
Кој гребе, тој добива!
ЗА ДОБРО!
ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА НА МАКЕДОНИЈА



