Почина ѕвездата од “Брзи и бесни“, Пол Вокер

popara1 декември, 20131min00
24

Американскиот актер Пол Вокер (40) кој се прослави со улагата во филмот “Пеколни улици“починал синоќа во сообраќајна несреќа во Калифорнија кога поршето со кое управувал неговиот пријател се судрило со столб на улична светилка и експлодирало.

Несреќата се случила во саботата во попладневните часови во близина на Лос Анџелес во местото Санта Кларита каде погинал и неговиот пријател кога се враќале од хуманитарен настан.

Неговата смрт ја потврдиле и неговите пријатели на Твитер и Фејсбук, а за лошите вести се огласиле и доста негови колеги кои биле во шок.

Автомобилот бил сосема уништен, додека пак луѓето кои во моментот се нашле на местото на несреќата се обидувале да го угасат пожарот после експлозијата, меѓутоа било доцна бидејќи целиот автомобил многу брзо бил во пламен и целосно уништен.

Foto: AP/Tanjug

Foto: AP/Tanjug