Кој е возачот на Поршето во кое загина Пол Вокер?

popara2 декември, 201318min00
25

Возачот на автомобилот кој загина заедно со актерот Пол Вокер во стравичната сообраќајна несреќа, идентификуван е како Роџер Родас. Се работи за 38 годишен бивш возач на авто-трки, и тој, како што се испоставило, управувал со Поршето Карера во кое тој и холивудскиот актер го изгубија животот.

Вокер и Родас имале доста заеднички работи. Се запознале на авто-трките каде и двајцата учествувале. Подоцна станале и деловни партнери, а Роџер во 2007 година е именуван и за финансиски соработник на Вокер.

Родас и Вокер имале заеднички бизнис и биле сопственици на продавници за тунинг на автомобили “Always Evolving“.Исто така се занимавале со хуманитарна работа, а меѓу останатото интензивно помагале на жртвите после земјотресот во Хаити во 2010 година.

Foto: competition-motorsports.com