Доколку би сакале и вие да бидете здрави и весели и да ја доживеете својата прослава на 100-тиот роденден, потребно е да знаете кои се тие предуслови за долг живот.
Во денешно време луѓето живеат многу подолго отколку назад во историјата на човештвото. Според истражувањето на “Topcollegeonline”, луѓето кои ја поминуваат стотата година, имаат многу заеднички особини. Никој не го занима статистиката дека во овој момент на планетата живеат 300-450 луѓе кои се постари од 100 години (некој и по некоја година повеќе), а оние преку 110 години ги има дури 65 (од овој број дури 63 се жени). Најстарата жена, со заведена крштеница починала пред 16 години и живеела 122 години и 164 дена. Се викала Жан Калман и верувале или не, пушела цели 100 години.
Ова истражување донело интересни факти кои би требало секој да ги знае доколку сака долговечност, мирна и здрава.
– Стогодишните се поситно градени. Многу пократко живеат големите,крупните и дебелите.
– Стогодишните живеат во големи фамилии и до триесетите години имаат барем 4 деца
– Вежбите, движењето и секојдневната активност се нивен животен стил од кога знаат за себе
– Добра генетика – имаат претци кои исто така доживеале длабока старост.
– Сите се религиозни (не е битно на која религија припаѓаат)
– Многу од нив се занимаваат со земјоделство и живеат на село
– Нивниот животен стил се подразбира со секојдневна и активна комуникација со пријателите и роднините.
– Повеќето стогодишници ги родила мајка во раната младост
– Интересно, повеќето се родени во есенски период ( за нашата климатска зона септември,октомври,ноември)
– Сите се навикнале на оброци со обавезна свежина и сирова храна
– Долговечните луѓе имаат голема волја и од кога знаат за себе знаат и за одбраната од стресот.Многу ретко имаат висок крвен притисок.
– Региони каде што живеат стогодишни се Јапонија, Сардинија, Костарика, Грција и Калифорнија