
Можеби си мислите дека го познавате Канкун – 23км долги бели плажи, во облик на бројот “7”, кристално чиста сино-зелена вода и страсни ноќи со перфектна маргарита во рака, нели?! Па дефинитивно не гршите, но ако ова е вашата комплетна идеја за Канкун, значи не го познавате целосно.
Канкун е познат крајбрежен град, кој се наоѓа во мексиканската сојузна држава Кинтана Ро, на источниот дел од полуостровот Јукатан. Несомнено тоа е најголемото и најубавото туристичко место во земјата и секоја година е посетувано од над 3 милиони гости. Разделен е на 5 зони – Остров Канкун, Урбанистичка зона, Пуерто Хуарез, Франка Ехидна и Алфредо Бонфил.
Канкун е вистински тропски рај. Ова парче земја се разликува од другите карипски дестинации со инфраструктурата, современите удобности и филозофијата на услуга. За разлика од многу други делови на Карибите и Мексико, Канкун е изграден за туризам и продолжува да ги задоволува потребите на своите над 3,3 милиони посетители годишно. Гостите на градот можат да допрат до многу светови – карипски и мексикански, модерен и антички, активен и релаксирачки. Канкун е ненадминлив во својата способност да нуди културни и археолошки богатства, природна убавина, бројни активности и погодности во северно – американски стил.




















