ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 500гр брашно
* 1 пакетче сув квасец
* 1 лажица шеќер
* 1 лажица сол
* 120мл масло
* 160мл топла вода
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Ги мешаме брашното, квасецот, солта и шеќерот. Го додаваме маслото и мешаме.
Тестото станува лесно ронливо, но при притискање ја добива посакуваната форма.
Ја додавеме водата и мешаме до цврсто тесто. Оставаме да отстои околу 40 минути на топло. Потоа повторно лесно месиме.
Од тестото обликуваме мали топченца – со големина по избор. Ги редиме во подмачкана тава и ги печеме на 180 степени, околу 30 минути.