Телевизиската презентерка и модел, Фернанда Лима која ја водеше лотаријата за Светското првенство во Бразил, привлече огромно медиумско внимание ширум светот. Убавата Фернанда ги собра сите симпатии како поради својот беспрекорен изглед, така и поради својата харизма.
Фернанда не е само телевизиска презентерка, оваа 30 годишна Бразилка е и манекенка, модна креаторка и сопственик на ресторан.
Убавата Бразилка дипломирала новинарство, со манекенство се занимава од својата 14-та година и омажена е за бразилскиот актер и модел Родриго Хилберта со кого го водеше и ова шоу. Имаат петгодишни близнаци.