Варадеро е познато туристичко место во провинцијата Мантасас и е едно од најголемите на Карибите. Срцето на сончевата Куба, како што го нарекуваат, се наоѓа на полуостровот Икакос, на само 140 километри источно од главниот град Хавана.
Ова место располага со повеќе од 20 километри плажи и е идеално за еден егзотичен одмор. Импресивна комбинација од сонце, бели песочни плажи, кристално чиста вода и голем избор на дневна и ноќна забава привлекува стотици илјади туристи годишно. Првите гости го посетиле туристичкото гратче уште во далечната 1870 година, но дури во почетокот на 20 век, откако американскиот милионер Дупонт изградил замок на полуостровот, славата на Варадеро вртоглаво расте. Многу познати скандалозни личности престојуваат и живееле во населбата, од кои еден е легендарниот Ал Капоне.