Што најмногу нервира при шопинг

slobodan31 мај, 20111min00
girls-shopping

Повеќе од половина од жените кога пробуваат облека во кабините чувствуваат лутина, срамежливост и разочарување, додека 75 % од жените толку кабините им одат на нерви што ги избегнуваат и купуваат облека според нивниот конфекциски број, откри едно британско истражување. Кабини со завеса или кабини каде што телето на купувачот е покриено само во средишниот дел се доста честа појава во продавниците, но купувачите се жалат дека во таквите кабини се премногу изложени на јавноста и нивната приватност е повредена.
Премногу ажурна продавачка

Таа стои пред кабината за преслекување, често прашува дали е се во ред, дали сте задоволени со облеката и секогаш очекува да излезете за да ви даде нејзинио мислење како ви стои. Многу е ретко некоја такава продавачка да ви каже навистина дека нешто не ви прилега а поради нејзината упорност сигурно ќе ве натера да пробате работи кои не ви се допаѓаат.

 

Ограничен број на прачиња облека во кабина

Се поголем бројот на продавници кои имаат правила за носење само на одреден број на парчиња облека во кабините, што за купувачите е многу фрустрирачки пропис, за кои мора и по неколку пати да излезат од кабината да земат нови парчиња облека и повторно да чекаат да влезат во кабина и да ги пробаат.
Огледала кои визуелно човечката фигурата ја прават послаба

Овој трик на огледала се вообичаени во продавници со поскапи марки на облека, за да се создаде илузија дека облеката подобро се вклопува на муштеријата, ги прави повитки, и затоа се подготвени да платат поскапо. Но проблемот се јавува подоцна кога муштеријата ќе пристигне дома и кога повторно ќе ја испроба облеката.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma