
Ресторанот “Мас Прованса“ се наоѓа во Ница, Франција и се разликува од сите останати ресторани. Во овој ресторан има многу повеќе цвеќе, отколку мебел, па лесно можете да помислите дека се работи за стаклена градина.
Речиси секој квадратен сантиметар е покриен со свежо цвеќе. Освен преубавите растенија, ентериерот содржи и антички мебел .
Ресторанот на своите гости ветува незаборавна романтична вечера. Вечерата за четири особи со флаша вино, кафе и десерт чини 300 долари.


