Здружението на граѓани за заштита на човековите права “Давид” организира протести кои се закажани за трети јуни, како знак на револт и незадоволство за престојната посета на Папата Бенедикт Шеснаесети и заради незадоволство од хрватските власти. Граѓаните сметаат дека државата штеди на населението, а се расфрла со пари за посета на еден човек.
Здружението најави протести бидејќи смета дека Католичката црква која е изградена од парите на народот, се однесува арогантно и неморално. Тоа го поттикнува незадоволството кај граѓаните, и затоа ние ги повикуваме сите граѓани на протестите кои ќе се одржат на Цветниот пазар со почеток во 18:00 часот, порачале од Здружението. Инаку посетата на Папата е најавена за 4 и 5 јуни, при што поглаварот на Римокатоличката црква ќе се сретне со државниот врв, јавните личности и верниците на два молитвени клуба. Најавата на посетата предизвикала контроверзии, а најмногу поради трошоците кои се направени за неговото доаѓање, кои медиумите проценија дека изнесуваат до 6 милиони евра.