
35 годишен маж од Њујорк го убил својот тригодишен син фрлајќи го од прозор, а потоа извршил самоубиство, соопштила полицијата.
Откако добиле повик, полицијата отишле на местото на настанот каде го откриле мртвото тело на таткото, Димитар Канариков чија смрт била веднаш констатирана, а момчето Кирил било префрлено во болница каде набрзо починало. Полицијата утврдила дека мајката на починатото дете имала старателство над него, а Канариков требало попладнето да го врати детето кај мајката.
Полицијата сеуште ги истражува деталите околу инцидентот за кој се верува дека е самоубиство. Човекот се фрлил од зграда висока 52 ката во Менхетн.
