
Познатиот музичар и член на групата “Нокаут“ , Ацо Богдановски – Конга почина денеска по долга битка со тешката болест. Откако му беше дијагностициран рак, на пејачот му беше ампутирана и раката.
Пред 3 месеци се објави веста за неговата здравствена состојба, кога беше покрената и хуманитарна акција со цел да му се помогне.
Првата група во која членувал Конга е „Макакус“ (1979) кога почнува да удира на конги. Беше дел од бендот „Нокаут“ формиран во 1997 година, на два албума „Нокаут“ (1997) и „До последен здив“ (2001) каде се големите хитови „АБЦ“, „Фатална опсесија“, „Временска машина“, „Би се викал те сакам“, „Телефонскиот број не постои“, „Илјада причини за крај“…