
Британскиот хирург Сајмон Бармхол е суспендиран од работа после обвинението дека се потпишал на црниот дроб на еден од своите пациенти за време на операција.
Докторот употребил нетоксичен аргон гас со цел да ги остави своите иницијали на црниот дроб на својот пациент.
Против Бармхол се води истрага бидејќи еден негов колега ги открил иницијалите СБ на црниот дроб на пациентот за време на следната операција.
Од управата на болницата изјавиле дека хирургот ќе биде суспендиран се додека не заврши истрагата.