
Манса Муса бил африкански крал од 14-от век и ја држи титулата за најбогат човек на светот. Со богатство, прилагодено на инфлацијата, од 400 милиарди, Муса е многу подобар од денешните најбогати луѓе на светот.
Манса владеел во почетокот на 14-от век, а своето богатство го стекнал со експлоатација на злато и сол.
После неговата смрт, наследниците не биле во состојба да го сочуваат неговото богатство кое било исцрпено поради војните.
На второ место се наоѓа семејството Ротшилд чии потомци и понатаму се едни од најбогатите луѓе на светот. Мајер Ротшилд влегол во светот на банкарството кон крајот на 18 век и стекнал богатство од 350 милиони долари.
Трет на листата е Џон Рокфелер, најбогатиот американец кој некогаш живеел и неговото богатство изнесувало 340 милиарди долари во моментот на неговата смрт.